Е-Ментор
ОСНОВИ НА НАСТАВАТА НА УЧЕНИЦИТЕ ВО РАБОТНАТА СРЕДИНА

МИСИЈА НА ЗАНАЕТЧИСКА КОМОРА СКОПЈЕ ЗА ПОДОБРУВА ЊЕ НА
СТРУЧНОТОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА
Еден од предизвиците на пазарот на труд е секако недостигот на квалификуван
кадар со потребни практични вештини и компетенции. Во насока да
обезбедиме иден кадар за стопанството, комората ќе создава законска рамка
и услови за да создадеме мотивирани работодавачи кои доколку сакаат да
земат ученик на практична обука потребно е да исполнат одредени стандарди
во однос на стручен и друг кадар-ментор, односно да имаат кадар кој е
сертифициран за работа со ученици. На тој начин ќе се реализира квалитетна
практична обука кај работодавач , ќе се подобри и соработката помеѓу
бизнисот и стручните училишта и сите заедно ќе придонесеме за поквалитетно
стручно образование.
ВИЗИЈА НА ЗАНАЕТЧИСКА КОМОРА СКОПЈЕ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА
СТРУЧНОТОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА
Соработката и добрите примери, како и темелното извршување на обврските
на сите учесници во процесите на стручно образование и обука може да
создадеме квалитетна работна сила за занаетчиството и стопанството, да
создадеме ученици кои со желба кон занаетот ќе градат вештини и
компетенции кои се потребни на стопанството.
Сите заеднички да пратиме порака до младите и нивните родители дека само
со квалитетно образование и континуирана практична обука кај
работодавачите ќе создадеме силна генерација на млади занаетчии кои ќе го
подобрат имиџот на занаетчиството и средното стручно образование.