Модули
Стручно-дидактичката обука на обучувачи (ментори) од работодавачи кај кои се реализира практична обука, се реализира согласно Наставен план и Програма која е донесена од страна на министерот за образование и наука. Програмата за обука на ментори се состои од вкупно 50 часа и се реализира во три семинарски дена а дополнително се задава и семинарска работа која учесниците ја изработуваат во вид на „домашна работа“ по отслушана обука.
Наставниот план, согласно кој е развиена програмата се состои од модули и модуларни единици застапени со соодветен фонд на часови, прикажан во табелата подолу:

Главната цел на програмата е кандидатите да се стекнат со знаење, вештини и компетенции за работа со ученици/учесници1 кои изведуваат практична обука кај работодавач, вклучувајќи ги и компетенциите за работа со визрасни и ученици/учесници со различна попреченост.
По успешно завршување на Програмата за стручно-дидактичка обука на обучувачи (ментори) од работодавачите кај кои се реализира практичната обука, учесникот во обуката се оспособува за:
-
менторирање на ученикот/ученичката во процесот на учење и решавање на проблеми при работата во текот на учењето преку работа;
-
изработување на план за учење преку работа и поучување на возрасните;
-
определување и ротација на работни места на ниво на компанијата;
-
прилагодување на работните места и вклучување на ученици со попреченост во обуката;
-
грижа за безбедност и здравје на ученикот/ученичката во процесот на учење преку работа;
-
комуникација со учесниците во учењето преку работа;
-
учество во зајакнување на соработката меѓу училиштето и компанијата и во промотивни активности на учењето преку работа;
-
контрола на документацијата и издавање на документ за успешноста на извршената практична обука.
1 Ученици во обуката кај работодавачот се редовни и вонредни ученици од формалното стручно образование, а учесници се кандидати од неформалното стручно образование и наставници кои реализираат настава во стручните училишта.