top of page

Практична обука кај работодавач

Практично образование е дел од средното стручно образование преку кој ученикот стекнува практични вештини. Во оваа смисла практичното образование во наставниот план е застапено преку следниве форми: вежби/практична настава интегрирани во наставната програма по стручно образование во техничкото образование, Учење преку работа кај работодавач и феријална практика. Препораки за успешно учење Успешноста на слушателите за совладување на овој модул, директно зависи од начинот на кој им пристапуваат на предложените лекции. Предлагаме, целосно следење на сите предложени чекори, започнувајчи од формуларот за самоевалуација, следење на лекциите и реализација на активностите. Воведниот е-модул, е дел од воведниот модул во Наставниот план и Програма за стручно-дидактичка обука на обучувачи (ментори) од работодавачи кај кои се реализра практичната обука. По успешнато следење на овој модул учесниците во обуката ќе бидат способни да: 1. Разликуваат форми на практична обука на учениците кај работодавачот, практична настава, вежби, учење преку работа кај работодавач, феријална практика 2. Почитуваат законски регулативи за практична обука кај работодавач 3. Препознаваат надлежности на институциите во стручното образование и обука. 4. Ја препознава улогата на Центарот за стручно образование и обука во образовниот систем на Република Северна Македонија 5. Идентификуваат место на стручното образование во образовниот систем на Република Северна Македонија

Е-Ментор

Како можеме да ви помогнеме?

Ви благодариме!

© 2024 Е-ментор

This platform reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
bottom of page